недела , 22 октомври 2017
sobranieStr

Законот за употреба на јазиците пред Комисијата за политички систем

Предлог-законот за употреба на јазиците во прво читање денеска ќе биде разгледан од Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во четвртокот Комисијата за европски прашања на Собранието со 9 гласа „за“ и ниту еден глас „против“ и „воздржан“ го усвои заклучокот дека законот е прифатлив и усогласен со правото на ЕУ и треба да се даде на натамошно читање. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кога не добија поддршка за поединечно гласање, апстинираа од изјаснувањето.

Претседателот на Комисијата, Артан Груби, во своето воведно обраќање го истакна значењето на донесувањето на Законот за употребата на јазиците со што се заокружува нормативниот дел кој произлегува од Охридскиот договор и од амандманот 5 од Уставот на Македонија. Тој им се заблагодари на пратениците од сите политички партии кои учествуваа во расправата за нивните конструктивност и придонес во расправата.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …