вторник , 24 октомври 2017
G075T-timonie-makradlu-640x396

Заменик министерот за екологија Макрадули се сретна со францускиот амбасадор Тимоние

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули оствари работна средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија Кристијан Тимоние.

На средбата Макрадули и Тимоние разговараа за досегашната соработка на двете држави во областа на заштитата на животната средина и за можните правци на продлабочување на истата.

Заменик министерот Макрадули изрази надеж дека поддршката и добрата соработка што Македонија ја има воспоставено со Франција во постигнување на европските стандарди во животната средина, ќе продолжи и во наредниот период.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …