четврток , 19 октомври 2017
Doni Manoleva

Заминувањето на Груевски носи промени, Време е за промени

“Верувањето дека ништо не се менува доаѓа од две причини: лошо гледиште или лоша насоченост. Првата се коригира, со втората се бори. ” Ниче

За почеток, да ја промениме таргет групата која ни ја окупираше нашата земја . Порано се зборуваше: да имам работа- ќе имав пари. Денес се вели: да имам пари- ќе имав работа. Овде се оди на глава, не на нозе. Последица од катастрофалните политики на Никола Груевски се над 600 илјади граѓани што ја напуштија Македонија во последните 10 години. Повеќе од половината се млади. Оние кои се останати во земјава, во најголем дел се невработени. Другите се подготвуваат да заминат. Што уште треба да ни се случи за да сватиме дека 11 Декември е денот Д за Република Македонија? Или ќе нѐ биде или сите со пасошите в рака и правец во некоја земја од која нема враќање! Бидејќи ќе го изгубиме идентитетот, ќе ги изгубиме нашите вредности и принципи, како што изгубивме дел од нашите најмили зашто заминаа. Доволно прични има да излезете, доволно причини да се охрабрите и покажете дека и стравот ќе го потиснете за оваа јавно – тајна служба на лични интереси против и попреку државните мора да заврши.

Машинското гориво на оваа фабрика за несреќи е силата, додека пак свесниот граѓанин напредува со збор, компромис, дебата и толеранција. Да им кажеме “Доста!” на овие излитени и конзервативни манири и да бараме демократија.

Како што изгледа и после сите напори и позитивни сигнали на опозицијата за решавање и излез од оваа криза, Груевски сепак решил да одговори со

девијантно однесување и криминални малверзации. Хорор филмот во кој тој ја има главната улога никако да заврши, па ни создава кошмари и несоница. Божем даруван е со нектар на бесмртност, па се смета себеси за избраник кој ќе стави беден крај на вековното постоење на нашата земја.

Стоењето на сред улица е многу опасно. Можеш да настрадаш од двете страни.“

Затоа 11 Декември е одлична можност да ја избереме правата страна и да ја обновиме нашава земја и да си дадеме можност за нов почеток.

Промените доаѓаат ….

М.М.

Слични написи

received_10208023772386693

И биднаа безмалку педесет дена од новата Влада!

Колумната ќе ја започнам со една приказна, која оди вака: ,, Бог му заповедал на …