среда , 28 јуни 2017
нестороски

Ѕампарини со пофални зборови за Македонецот: Несторовски игра исто како Игуаин

Поранешниот сопственик на Палермо, Маурицио Ѕампарини беше во фокусот во италијанските медиуми, фалејќи го македонскиот репрезентативец Илија Несторовски и споредувајќи го со Игуаин.

– Несторовски е играч кој најмногу потсетува на Гонзало Игуаин. Во него има вгнездено победнички менталитет. Тој е силен на двете полиња, физички и психички. Треба да бидеш горд да имаш таков играч во својот тим кој знае кога и како да ги мотивира своите соиграчи, – изјави Ѕампарини.

Несторовски одигра одлично на натпреварите оваа сезона во тимот на Палермо, но поради тоа што клубот не можеше да донесе други квалитетни играчи, ќе се пресели во послабата втора италијанска лига. Новиот менаџер на клубот Пол Бакаљини не сака да го продаде Несторовски поради што сака да го гради столбот на тимот околу него за да го врати тимот назад во Серија А.

Слични написи

davitkov

Давитков: Да го вратиме националниот тим таму каде што припаѓа

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков на денешната прес-конференција во спортскиот центар „Борис Трајковски“ …