понеделник , 25 септември 2017
lideri-partii

Започна лидерската средба за спас на договорот од Прижно

lideri-partii
Пред околу 20 минути почна средбата на лидерите на четирите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА вклучени во разговорите за спроведување на договорот од Пржино.

Во Клубот на пратеници пристигнаа Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Мендух Тачи, како и евроамбасадорот Аиво Орав, претставник на Амбасадата на САД во Република Македонија и белгискиот експерт Питер Ванхауте.

Разговорите на лидерите продолжуваат откако пред неколку дена не беше постигнат договор за отворените прашања од договорот на средбата со еврокомесарот Јоханес Хан.

Белгискиот експерт Питер Ванхауте деновиве имал одвоени средби со претставниците на политичките партии кои учествуваат во работните групи за спроведување на точките од договорот од 15 јули во Пржино.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …