вторник , 26 септември 2017
132838625

Започнаа физичките проверки на кандидатите за професионални војници во АРМ

132838625По завршувањето на административниот процес, Комисијата за утврдување на физичката способност и Военолекарската комисија при АРМ ја започнале следната фаза од проверките на 580 кандидати кои се пријавиле на огласот за прием на професионални војници во Армијата на Република Македонија.

Како што соопшти Министерството за одбрана, меѓу пријавените кандидати има лица од сите етнички заедници во Република Македонија и над 30 лица се припадници на женскиот пол.

– Деновиве заврши административната фаза од процесот за селекција на професионални војници при што се изврши прием, проверка, евидентирање и комплетирање на потребните документи кои беа доставени од страна на кандидатите. За таа цел комисиите спроведуваат општообразовни, психолошки и тестови за физичка подготвеност, се наведува во соопштението на Министерството.

Кандидатите кои успешно ќе ги завршат тестовите ќе бидат повикани на проверка за пливачка способност на 50 метри од страна на Комисијата за утврдување на физичката способност.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …