недела , 20 август 2017
zaturovska

Затуроска: Падот на стапката на невработеност и растот на економијата се одлики на успешните мерки спроведени од ВМРО-ДПМНЕ

Извештаите и прогнозите на Европската комисија (ЕК) се најголем доказ дека економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кои беа спроведувани во изминатиов период вродуваат со плод и креираат стабилен раст и развој, истакна денеска на прес-конференција Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

– ЕК ја објави својата годишна економска прогноза која го вклучува прогнозираниот раст на БДП и намалувањето на невработеноста за Република Македонија. Македонската економија како и претходната година така и сега од страна на ЕК е оценета како стабилна, со прогнозиран раст на БДП од 3.2%, што е еден од највисоките растови во Европа и очекуван пад на невработеноста која се прогнозира да падне на најниски досега 22%, што е идентична на таргетот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ поставен за периодот до 2018-та година, рече Затуроска.

И покрај, како што кажа, вештачки креираната криза од страна на СДСМ која имаше и за цел да го отежни економскиот раст во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја одржи економијата во правилна насока и да обезбеди економска стабилност и просперитет.

Покрај ЕК, потсети Затуроска, прогресот на Македонија е забележан и од Светска Банка во извештајот „Дуинг бизнис“.

– Падот на стапката на невработеност и растот на економијата се одлики на успешните мерки спроведени од ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 10 години, со промислено делување успеавме невработеноста од некогашните енормни 38% од времето на СДСМ да ги намалиме на сегашните 23,4%, рече таа најавувајќи дека ваквиот тренд на развој на економијата ќе продолжи и во иднина.

Слични написи

branimir

Јовановиќ: Со ребалансот пративме порака, ќе кратиме на „чоколадо“ а ќе трошиме за „леб“

„Министерот за задолжување“, Драган Тевдовски за 70 дена успеа да стопи цели 126 милиони евра …