вторник , 26 септември 2017
zatvorenikrace-540x320

Затворениците ја тужат државата поради прегласната капија

zatvorenikrace-540x320Затворениците на австралискиот затвор Штајн ја тужат државата затоа што затворската капија им била прегласна. Една група затвореници, меѓу кои и оние кои направиле тешки кривични дела, тврди дека безбедносната порта на влезот во затворот им го скратува сонот и ги попречува во извршувањето на дневните активности.

Државното Обвинителство нареди на „намалување на децибелите“ и затворските власти беа принудени да инсталираат пригушувач.

На затворениците им пречел звукот што се слушал при затворање на челичната врата на моторен погон.

Еден од затворениците ги поттикна другите на бунт и тоа успешно, а заедничката тужба на осудените криминалци наиде на позитивен одговор кај обвинителот Гертуда Бринек.

Затворските власти по одлуката на Обвинителството одлучија да инсталираат пригушувач и да ја намалат брзината на затворање на капијата за елиминирање на „неподносливиот “ звук на затворањето на вратата, а тоа чинело дополнителни 500 евра.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …