среда , 28 јуни 2017
zatvoren selekt

Затворено кафулето “Селект” од Крива Паланка, без никакво образложение и решение

Сопственикот на кривопаланечкото кафуле “Селект”, Сашко Митковски денес на својот профил без никакво образложение и решение УЈП го затворило неговиот објект.

Еве што напиша Митковски:

“Ако ова е цената за крај на режимот, нека биде, ќе го издржиме и ова.

Само некој нека има на ум дека е нарушена постапката во целост и дека некој дебело ќе одговара.

1.Објектот а затворен на присилен начин без извршена контрола, без констатирана моментална состојба,без записник и без наод. Единствено образложение на решението затварања е ВЕДНАШ затварање. Единствена причина за затварање е личната желба на некој поединец.

2. За оваа тортура фатени сте со 100:0 со цврсти докази и за ова запаметете ќе има огромна одговорност.”

Митковски е истакнат член на Социјалдемократскот сојуз, и претендент за кандидат за градоначалник на општина Крива Паланка.

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …