недела , 20 август 2017
otkup-na-tutun._2014127101431

Заврши откупот на тутунот, просечната цена достигна 196 денари за килограм

До последниот рок, до 15 март се преземени скоро 25 150 тони. Овие количества ги надминаа очекувањата за 5.000 до 7.000 тони за најавениот род според тутунарите за само 18.000 тони. Оваа реколта имаше поголемо производство, просечната цена достигна 196 денари за килограм и е за 14 денари поголема од лани.

Заврши откупот на тутунот. Монополите веќе не смеат да преземаат тутун. До денеска, 15-ти март кој е крајниот законски рок, се купени повеќе од 25.150 тони, иако на почетокот се проценуваше дека ќе има најмногу 18.000 до 20.000 тони суров тутун.

Вредноста на откупениот род годинава е скоро 80 милиони евра, и досега тутунарите се исплатени повеќе од 98 проценти.

Реколтата годинава е со висок квалитет, а просечната цена достигна 196 денари за килограм. Лани изнесуваше 182 денари или за 14 денари помалку.

Тутунарите до 31-ви март треба да го пријават новото производство за оваа година во подрачните едниници на Министерството, пред да потпишат договор со откупувачите.

Лани беа склучени 27.300 договори за производство и откуп на тутун.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …