среда , 26 јули 2017
grupa fotka Samit Trst 1

Заврши самитот на лидерите од Западен Балкан, Македонија доби грант од 70 милиони евра

Лидерите на државите од Западен Балкан, денес на самитот во Трст, го поддржаа повеќегодишниот акционен план за регионална економска зона, со кој ќе се овозможи непречена размена на производи, услуги, капитал и на квалификувана работна сила.

Придобивката на Македонија од овој Самит е грант од 70 милиони евра наменети за инфраструктура и уште стотици илјади евра кредити со иста намена.

Целта е приближување до членството во Европската Унија, како и да му се помогне на приватниот сектор, преку промоција на трговска размена, инвестиции и регионална мобилност.

На самитот, македонската делегација предводена од премиерот Заев се сретна со европските лидери предводени од Ангела Меркел и Емануел Макрон кои изразија силна подршка за реформите во земјава.

Слични написи

image-0-02-05-24287f281545733e143196a6dc667acc32ba038649d55d7ed1db03937039a43d-V

Едночасовен застој кај Удово, возилата пренасочени кон Јосифово

Околу еден час има застој на патот Удово-Марвинци. Големата колона на возила од Удово се …