вторник , 26 септември 2017
kosovo

Збогум на мултиетничко Косово

kosovo
Малку кој би се сомневал дека преговорите под водство на ЕУ нема да доведат до приближување на Косово и Србија и да придонесат за поголема стабилност на Балканот, пишува политичкиот аналитичар Јетон Зулфај за порталот ЕУ обсервер.

Дијалогот на високо ниво ги руши комуникациските бариери и го стави фокусот на важните прашања, за слободата на движењето, царините, граничната контрола, образованието и телекомуникациите.

Во неодамнешната ТВ дебата, премиерот на Србија Александар Вучиќ неодамна истакна дека добрите односи меѓу Албанците и Србите се клуч на стабилноста во регионот.

Се е тоа добро.

Време беше да се релаксираат односите и да се започне пријателски однос меѓу албанскиот премиер Еди Рама и Вучиќ.

Искреното помирување ќе се случи кога сите земји на Балканот ќе се соочат со своето минато, посебно Србија, која се уште не се извини за направените злосторства.

Но, кога ќе ги погледнете деталите од договорот постигнат со посредувањето на ЕУ, се чини дека Косово плаќа висока цена, пишува Јетон Зулфај.

Постојаните отстапки кои се прават по налог на ЕУ го туркаат Косово на работ на одржливоста како нација.

Да го погледнеме последниот договор од 25 август за Заедницата на српските општини (ЗСО) на Косово. ЗСО е протурена како дел од пакетот за енергијата и телекомуникациите, но има потенцијал да направи штета на Косово на подолги патеки.

Т.н. Ахтисарев пакет (кој го претстави пратеникот на ЕУ Марти Ахтисари во 2007 година), подразбираше пост-воен модел на државност во кој Косово мора да биде мултиетничко општество.

Планот се фокусираше на правата на малцинствата, посебно на српското малцинство. Гарантираше на Србите места во парламентот, министерства во владата и српски судии во судовите. Српскиот јазик е прогласен за официјален јазик, се со цел за општа децентрализација, со создавање на нови општини во подрачјата каде Србите се мнозинство.

Косово е така уредено како прва мултиетничка држава на Балканот, за разлика од БиХ, каде секоја етничка група е автономна и каде етничките поделби се институционализирани и за разлика од Македонија, која наспроти фактот дека 30 отсто од населението се етнички Албанци, е длабоко поделена земја.

Уставот и законите на Косово нудат сеопфатна заштита и подобрување на правата на малцинствата, што им овозможува да го заштитат својот идентитет, култура и наследство.

Но, сето тоа не беше доволно спрското малцинство да ја прифати мултиетничноста. Помогнати од Србија, косовските Срби се спротивставуваа на интегрирањето.

Србија не го признава Косово, па не е чудно што не го поддржува моделот на Ахтисари и што вршеше притисок на ЕУ да се надоградат малцинските права на Србите речиси до ниво на автономија.
ЕУ и САД тоа го прифатија.

Главниот преговарач на Косово, заменик на премиерот Хашим Тачи направи нешто што требаше да се одржи на власт, така да сега имаме нов ентитет на косовските Срби – ЗСО, надвор од уставната рамка на Косово.

ЗСО има полна контрола над клучните подрачја, независни приходи, а централната власт во Приштина не е повеќе надлежна за косовските Срби.

Не сакајќи да ја признае независноста на Косово, Србија повторно ги отвара темните поглавја на етнички поделби.

Сега имаме институционализирана етничка поделба. Отидовме чекор подалеку на патот до балканизацијата. Тој израз настана откако Османлиското царство се распаднало и претставува поделба, несоработка, непријателство.

Создавањето на квазиавтономен ентитет на Косово веќе е производ на негативните ефекти во Македонија, Црна Гора и јужна Србија, каде албанското малцинство го сака истото право за себе.
Веќе имаме еден таков случај во регионот, Република Српска како српски ентитет во БиХ. Сега имаме и еден и пол случај, а можеби ќе ги има повеќе.

Дали сум претерано прагматичен?
Не, бидејќи доволно е да се свртиме кон минатото.
ЗСО се уште не е нова Република Српска. Но, тоа е прв чекор во таа насока.

Делегацијата на Тачи се фалеше дека постигнале наведување на уставот на Косово во договорот со ЕУ, како тоа дека ќе гарантира иднина на државноста на Косово.

Моментално, никој не го негира фактот дека Босна и Херцеговина е независна држава.

Но, сите исто така се согласуваат дека е нефункционална и нестабилна и дека само е прашање на време кога ќе се распадне во помали, етнички хомогени делови.

Косово е проект на ЕУ и САД. Ако се распадне, тоа ќе биде нивен неуспех.
ЗСО ќе го блокира процесот на меѓуетничка соработка. Тоа е лошо семе и тие кои го засадија ќе бидат одговорни за лошата жетва која ќе следи.

ЕУ обсервер – Брисел

 

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …