понеделник , 23 октомври 2017
kosovski-ustaven-sud

„Зелено светло“ за формирање на Специјалниот суд во Косово

kosovski-ustaven-sudКосовскиот Уставен суд одобри формирање на Специјален суд за воени злосторства, без оглед на барањето на опозицијата судот да ја оцени уставноста на амандманот 24 на косовскиот Устав, кој претставува основа за донесување на закон, објави денеска „Коха диторе“.

Уставниот суд и одобри на претседателката на Косово, Атифете Јахјага да го потпише указот за прогласување на двата закони кои произлегуваат од амандманот 24 – Закон за Специјален суд и Закон за правна заштита на потенцијално обвинетите во судските процеси пред Специјалниот суд.

Неименуван извор за „Коха диторе“ изјави дека се работи во неколку правци за формирање на Судот, вклучително и преговори со земјата-домаќин во која ќе се наоѓа Специјалниот суд, за просториите, како и за формирање на инфраструктурата на тој механизам, кој ќе биде само формално дел од косовскиот правен систем.

Пред една недела 24 пратеници од опозицијата побара од Уставниот суд на Косово да донесе одлука со која ќе се стави вон сила амандманот 24 од Уставот, неопходен за формирање на Специјалниот суд. Оспорена е и содржината и процедурата за усвојување на амандманите.

Опозицијата побара и да не се признаваат никакви правни последици кои би можеле да произлезат од амандманите, што подразбира и прекин на процедурите за формирање на Специјалниот суд.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …