четврток , 29 јуни 2017
g20

Земјите од Г-20 се согласни за опасноста од протекционизмот

САД и другите големи економии од Г-20 ги надминаа несогласувањата за трговијата и се согласија за опасноста од протекционизмот.

Тоа се случи на состанокот во Вашингтон на министрите за финансии на земјите од групата, одржан на маргините на пролетните сесии на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Државите од Г-20 не усвоија заедничка декларација, но го изразија својот став преку германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, чија земја е ротациски претседател на Групата, оваа година.

– Протекционизмот би бил штетен за светската економија и за засегнатите економии. На средбата имаше широк консензус по тоа прашање, рече Шојбле на прес-конференција.

Тој нагласи дека 20-те најразвиени земји и земјите кои бележат исклучителен стопански развој се обединиле околу ставот дека слободната трговија е најдобра како за глобалната економија, така и за секоја држава поединечно.

Слични написи

svleciste

Свлечиште во Кина зтрупа 40 куќи, 141 лице се водат за исчезнати

Најмалку 141 лице се водат како исчезнати откако поројни дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во Југозападна …