вторник , 26 септември 2017
frlanje piperki

Земјоделците својот род го продаваат со загуба

frlanje piperki
Состојбата на земјоделците со откупот на грозјето и црвената пиперка е измачувачка и претешка. Земјоделците ги продаваат со загуба. Грозјето се продава за 10-12 ден/кг а пиперката од 27-28 сега е спуштена на 12-13 ден/кг.

Сега дури и нема откуп на пиперката зошто откупните пунктови се затворени и таа скапува по нивите. Откупувачите со поддршка од државата секојдневно ја намалуваат откупната цена и откупните пунктови ги затвараат и отвараат кога тие сакаат а државата не контролира и не превзема мерки за таквата состојба. Министерот и заменик министерот во изминатите денови ветија дека ќе им помогнат на земјоделците, дека откупната цена на пиперката ќе биде 20 ден. и дека целосно ќе биде откупена од државата. Но, од нивните ветувања нема ништо. Што се случува на теренот? Овој хаос и очај кај земјоделците мора да престанат. СДСМ има мерки и начини како да им помогне на земјоделците да застанат на нозе.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …