вторник , 24 октомври 2017
IMG_20170914_143755

Зголемување на економската соработка меѓу Република Македонија и Црна Гора.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете земји, притоа акцент се стави на зголемување на економската соработка меѓу Република Македонија и Црна Гора.

Министерот Сугарески го запозна амбасадорот Митрович со ифраструктурните проекти што се реализираат во земјава како и со реформите што се спроведуваат во насока на подобрување на севкупната состојба во државата.

На средбата разговаравме на теми што се однесуваат на двете земји. Црна Гора е наша пријателска земја и се надевам дека во име на таквиот партнерски однос, соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период”, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Двајцата соговорници се согласија на интензивирање на понатамошната соработка, посебно во делот на зголемување на економските односи.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …