недела , 22 октомври 2017
policiska-lenta

Жена прегазена на влезот од Гостивар, се бори за живот

policiska-lentaЧетириесетгодишна жена е тешко повредена откако на неа налетало возило во близина на надвозникот за влез во Гостивар. Жената со тешки повреди на нозете и ‘рбетот е пренесена на скопските клиники каде лекарите се обидуваат да и го спасат животот.

Според СВР Тетово. собраќајната несреќа се случила синоќа околу 21.30 часот кога А. З. (40) се обидувала да премине преку коловозот во близина на седиштето на секцијата на „Македонија пат“. Во тој момент на неа налетало возило „фиат“ со австриски регистерски ознаки кое го управувал А.А. (36) од гостиварското село Падалиште.

Жената била набрзо пренесена во гостиварската болница од каде како итен случај и во тешка состојба е пренесена за Скопје.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, по што ќе бидат познати поединостите кои довеле до несреќата.

 

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …