четврток , 29 јуни 2017
shamari

Жерновски и Груевски во судската сала за случајот „Шамари“ и демолирање на Општината

Во Основниот суд Скопје 1 почна судењето за случајот „Нарачани шамари“ и насилство во општината Центар.

Во својство на оштетен во Судот влезе градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, советници и вработени во општината. По 20 минути доцнење во судот се појави и обвинетиот Никола Груевски, јавува порталот А1он.

За овој случај обвинети се екс министерот Миле Јанакиески, советничката Даниела Рангелова и други лица.

Во судот влегоа и обвинители од СЈО. Настаните се случаи 7 и 10 јуни 2013-та година кога мамејќи го народот дека Жерновски сака да ја урне црквата на улица Македонија, непостоечка група „Веритас“ ги организираше луѓето масовно да дојдат и да протестираат и да ја демолираат општината.

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …