недела , 20 август 2017
zernovski fb

Жерновски: Наместо прослави во ресторани, помош за НВО која се бори за спречување на насилството врз жените

Општина Центар и оваа година наместо прослави во ресторани по повод 8 Март, средствата ќе ги даде онаму каде што се многу попотребни.

Парите ќе бидат уплатени на сметката на НВО која се бори за правата на понежниот пол и за спречување на насилството врз жените во нашата држава.

Еве што напиша градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски:

Дозволете на сите дами да им го честитам 8 Март.

Општина Центар донесе одлука да не организира прослава во ресторани, туку средствата кои би се потрошиле за таа намена да ги уплати на сметката на НВО која се бори за правата на понежниот пол и за спречување на насилството врз жените во нашата држава.

P.S. Сега зборував со Елена Думушевска од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. И’ благодарам што љубезно ја прифати нашата донација.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …