понеделник , 21 август 2017
murinjo

Жешко лето во Манчестер: Мурињо спрема три трансфер бомби!

Сите параметри покажуваат дека наредниот летен преоден рок ќе биде веројатно еден од највозбудливите до сега.

Голем број на фудбалски ѕвезди би требало да ја променат средината, а една од најголемите ѕвезди на преодниот рок секако ќе биде Антоан Гризман.

Французинот е на мета на многу европски гиганти кои се спремни да ја платат неговата откупна клаузула од 100 милиони евра, а медиумите тврдат дека Гризман ќе се пресели во Манчестер Јунајтед.

Веќе подолго време се шпекулира дека од следната сезона Гризман ќе игра заедно со својот пријател Пол Погба, па овој француски двоец од 200 милиони би можел да прави чуда во Премиер лигата.

Другиот фудбалер кој би требало да пристигне на „Олд Трафорд“ е младата ѕвезда од Серија А за кого се интересираат најголемите европски клубови, а неговото име е Франк Кесие.

Кесие веќе го доби епитетот „новиот Јаја Туре“ и за него силен интерес покажуваат Челзи, Милан и Јувентус, но наводно дамиот фудбалер преферира преселба во Манчестер Јунајтед.

Покрај овие трансфери сигурно неколку фудбалери ќе го напуштат „Олд Трафорд“, а Вејн Руни тоа би можел да го стори во наредните денови. Медиумите на Островот тврдат дека неговиот менаџер е во Кина и ги договара последните детали од трансферот.

На излезна врата од Манчестер Јунајтед се уште и Дени Блинд, Матео Дармијан и Бастиан Швајнштајгер.

Слични написи

gokovichmadridopen-685x320

Ѓоковиќ: Бог ми порача, сега е навистина доста!

Со години доминираше во светскиот тенис, но Новак Ѓоковиќ е во сериозна играчка криза, проследена …