сабота , 21 октомври 2017
sipkovica1

Жители на Мала Речица: Луѓето настрадаа од градежен шут фрлен на Шар Планина

sipkovica1Градежниот шут што со години се складира на Шар Планина е причина за смртта на жителите од подшарпланиските села, тврдат мештаните на Мала Речица.

– Со години се трупа градежен шут на планината. Поради невремето, тој се лизна надолу, од што и настрадаа децата и луѓето – вели жител од Мала Речица.

Инаку, се зголемува бројот на жртвите од поплавите во тетовскиот регион. Според мештаните од селото Голема Речица, во нивното населено место пронајдени се две мртви тела, жители од шарпланинското село Лисец.

Се претпоставува дека има уште жртви, а според жителите од Мала Речица, сè уште се трага по исчезнати лица.

Досега официјално се пронајдени тела на пет жртви од поплавите./МЕТА

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.