недела , 24 септември 2017
2sokace_galerija_slika7

Жителите на Карпош ќе протестираат против незаконското работење на “Сокаче”

Ние група на граѓани и жители на населбата Карпош 1, денес 18.05.2017 во 19.00 часот организираме протест во знак на револт на нереагирањето на инстуциите, општината, полицијата и надлежните  органи на општина Карпош околу проблемот кој подолго време нашите жители го имаат.

Сакаме да известиме дека нашето граѓанско право, правото на јавен ред и мир како и почитување на приватната сопственост и законите на работење во населбата Карпош 1 секојдевно се прекршуваат од страна на незаконското работење на угостителскиот локал „Шпато Сокак (Сокаче)“, кое трае со години.

Ние, група на грагани од населбата Крапош 1 на „Драган Ѓаконовски Шпато“ веќе подолго време секојдневно се соочуваме со нарушување на основното право на граѓанин поради: Гласна музика многу подолго од законското дозволено време и јачина, уринирање по околните, нашите или домовите на куќите кои се наогаат околу кафеаната Сокаче. Ние, нашите деца и внуци секојденво сме изложени на расфрлани и оставени отпадоци,  искршени флаши расфрлени насекаде околу кафеаната која е до нашите домови и која воедно работи и со прекршување на правилата за работа.

Сакаме да известиме дека долго време се обидувавме да ја известиме Општината и другите надлежни институции дека имаме сериозен проблем со прумерена врева до утринските часови, отпад пред нашите домови, секојдневно непрописно паркирани возила за кој пајак службата и покрај нашите обиди не реагира, како и сериозни навреди и закани од сопственикот на локалот поради нашите добронамерни замерки како граѓани на оваа населба.

Ве замолуваме, да присуствувате и да ги пренесете нашите барања кои се однесуваат до општина Карпош, полицијата, паркинг службата, и сите надлежни органи од кои веќе подолго време бараме да преземат мерки  за да можеме да живееме нормално! Без  дрога пред нашите куќи, без гласна музика до утринските часови, врева, оџак од кафеаната кој буквало чади во нашите домови. Единстевно што бараме е почитување на законите за работа! Проблемот прерасна во сериозен, а ние како граѓани немаме од кого да побараме помош.

Сметаме на вашата поддршка и присуство денеска преку кое би се чул нашиот глас и со што би се пренеле нашите сериозни проблеми за кои надлежните органи поради за нас непознати причини сето ова време се глуви и слепи. За вас можеби и не е голема вест, но после одбивањето да ги решат нашите сериозни проблеми од страна на Општината и другите институции нашиот чекор се блокирање на улиците во населбата Карпош и протести кои нема да престанат се додека не се реши проблемот!

Единствено што бараме е почитување на законите за работа кои треба да важат за сите! Сметаме на вешето присуство и пренесување на денешниот настан.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …