вторник , 27 јуни 2017
dijaliza kumanovo

Жителите на “Октомвриска револуција” од Кумановo бараат дислокација на ДИАМЕД (Центар за дијализа)

Жители на улица “Октомвриска револуција” од Куманово бараат дислокација на центарот за дијализа “Диамед”. До нашата редакција испратија слики и краток текст во кој апелираат да се дислоцира овој центар пред се поради тоа што е сместен во стамбена зграда во која има 70 станови.

“Центарот за дијализа ДИАМЕД веќе извесно време е лоцијран во стамбена зграда, помеѓу двата најголеми суперкаркети “Стокомак” и “Промес” каде што се продава и изнесува храна, а за жал тука се изнесуваат и болните ( да не бидеме погрешно сватени, против болните немаме ништо, болеста никој не ја сака). На ваков центар едноставно не му е местото тука, децата се потресуваат првично од гледката на амбулантните возила, а уште поопасно е тоа што има и отпаден материјал кој е заразен, а е на дофат на сите” изјавува еден од станарите во зградата каде што е сместен центарот за дијализа “Диамед”.

Од една страна е непријатно за самите пациенти кои што доаѓаат тука за дијализа, па при нивното доаѓање сите погледи се вперени во нив (сите го знаеме нашиот менталитет) да видеме кој е болниот што е, она што е радозналоста за нас “македонски синдром”. Да се дислоцира овој центар на некое место кое што одговара на вакво медицинско одделение, се додава во писмото.

Се надеваме дека ова наше барање нема да биде погрешно сватено и од менаџментот на центарот за дијализа “ДИАМЕД” но и од пациентите кои што даѓаат тука за дијализата. Едноставно не може таква медицинска установа да биде сместена во стамбена зграда каде што има и мали деца кои што играат а и плус има и маркети за продажба за храна.

Во јавноста е познато дека центарот за дијализа е во сопственост на Ристе Новачевски, кум на поранешниот премиер Никола Гревски, кој е главен и одговорен за медицинските тендери и перењето пари од здравствениот сектор во државата. Колку за информација, вториот центар за дијализа е во сопственост на бизнисменот Орце Камчев и се вика Нефро Плус кој што се наоѓа на склоп на приватната болница Систина. Инаку ова е уште еден дил помеѓу Никола Груевски, Сашо Мијалков, Орце Камчев и Ристе Новачевски да севкупната дијализа во Република Македонија е во нивни раце. Од овој медицински бизнис гореспоменатите инкасираат милионски суми.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …