петок , 22 септември 2017
Zito Marketi

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. Оваа соработка значи дека Членовите на Lyoness може да ги уживаат атрактивните бенефити од купувањето во сите Жито Маркети во Македонија

Cash back картичката, од крајот на овој месец, може да се користи на сите 52 продажни локации на успешниот македонски ланец Жито Маркети во Македонија.

„Жито Маркети е еден од најголемите трговци на мало со храна во државата. Среќни сме што ваква реномирана компанија е дел од нашата Куповна Заедница. Тоа што имаме силен прехрамбен партнер, како Жито Маркети, значи дека на нашите Членови може да им понудиме поголем избор на можности за пазарување и полесно да ги задоволиме нивните дневни потреби“, објаснува Радован Витошевиќ, Главен Извршен Директор на Lyoness во Македонија.

Како дел од оваа соработка, сите кои поседуваат Cashback картичка може да ги уживаат ексклузивните бенефити на сите локации на Жито Маркети. За сите направени купувања, тие ќе добијат 1% Cashback и еден Shopping Поен.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …