вторник , 24 октомври 2017
parondo-696x490

ЖРК Вардар се засилува: Уште еден Шпанец во „црвено-црното“ семејство

По Раул Гонзалес и Давид Дејвис, семејството на Вардар доби уште еден шпански стручњак.

Станува збор за Роберто Гарсија Парондо кој е назначен за помошник на Ирина Дибирова во женскиот тим на “црвено-црните”. Ова ќе биде негово прво тренерско искуство бидејќи на крајот од минатата сезона тој ја завршил играчката кариера како член на унгарскиот тим Будакалаш. Претходно играл со Кире Лазаров во Атлетико Мадрид, но и во Адемар Леон, Ваљадолид, Сиудад Реал, Пик Сегед итн.

Своето деби како дел од Вардар, Парондо ќе го има претстојниот викенд на турнирот од регионалната лига во Подгорица.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …