понеделник , 25 септември 2017
erikson

Журнал: Експертот на „Ериксон“ дошол во земјава

Експертот за системи за прислушување што го бараше Специјалното јавно обвинителство од компанијата „Ериксон“ дошол во земјава, пишува Журнал. Според порталот, тој доаѓа од Италија. Од СЈО засега ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат оваа информација.

Овој експерт треба да помогне од системот за прислушување што е инсталиран во УБК да се извадат податоци што ги бара СЈО, согласно судската наредба.

Специјалното обвинителство минатиот петок информираше дека се одземени сите наредби за Посебни истражни мерки за следење на комуникациите и книгите за евиденција, како и бараните компјутерски податоци од системот за следење на комуникација. Останува да се изврши дополнително одземање на компјутерските податоци за кои е потребна асистенција од надворешен експерт.

Компјутерските податоци кои треба да се одземат ќе овозможат утврдување дали се вршени манипулации со системите или се бришени одредени податоци.

 

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …