понеделник , 23 октомври 2017
tomislavsalopek2-640x320

Златко Салопек ги повикува киднаперите да му го ослободат синот

tomislavsalopek2-640x320Таткото на Хрватот, Томислав Салопек, кого во Каиро го киднапираа екстремистите од групата исламска држава, Златко Салопек ги повика киднаперите да го ослободат неговиот син.

–      Ги повикувам луѓето кој го држат мојот син да го вратат  на семејството бидејќи неговиот мотив да замине во нивната земја беше само да заработи за лек за своите деца и ништо друго, рече Салопек.

Во видеото, објавено во средата, човекот кој се претстави како Томислав Салопек, кој работи во Египет за француската Геолошко-истражувачка компанија ЦГГ, прочита од хартија дека ќе биде егзекутиран во рок од 48 часа, доколку египетската Влада не ги ослободи муслиманките од затвор. Салопек не кажа кога почна одбројувањето.

Овој 31-годишен татко на две деца беше киднапиран на 22 јули од Синајскиот огранок на египетсктата подружница на ИД. Неговиот татко изјави и дека побарал помош од француските власти за неговиот син да биде ослободен со оглед на тоа дека работи за француска компанија.

Хрватската министерка за надворешни работи, Весна Пусиќ, вчера отпатува во Каиро, после консултациите со својот египетски колега.

Хрватската Влада соопшти дека прави се што е во нејзина моќ за што побрзо да ја реши оваа тешка ситуација.

 

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …