вторник , 27 јуни 2017
znm

ЗНМ ги осудува заканите за „Порталб“ и нападот на екипата на „Телевизија 24“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро ги осуди најновите напади и закани против новинари, кои се случија минатата недела. Здружението порача оти овие сериозни инциденти покажуваат дека насилниците не се обесхрабрени од промената на власта и ѝ порача на новата власт дека вистинската реформа на медиумите ќе почне дури кога ќе престанат нападите врз новинарите, што може да се постигне со остро казнување на насилниците.

„Физичкиот напад врз екипата на „Телевизијата 24“ од обезбедувањето на трговскиот центар во Штип и заканите на поранешниот министер за правда, Блерим Беџети, упатени кон новинарката на „Порталб“, Елида Зилбеари, претставуваат директен напад врз слободата на медиумите. Тие имаат јасна цел – да ги замолчат новинарите за да не ги критикуваат негативните појави во општеството. Ваквите дрски напади и закани покажуваат дека насилниците што досега напаѓаа новинари, не се обесхрабрени од промената на власта во Македонија. Ја потсетуваме новата влада дека вистинските реформи во медиумите ќе почнат тогаш кога ќе престане насилството врз новинарите, што ќе се постигне само ако остро се казнуваат насилниците“, се  вели во реакцијата на ЗНМ.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …