четврток , 29 јуни 2017
FB_IMG_1496142559869

Зоран Заев: Ветувам дека ќе бидам премиер на сите граѓани на Република Македонија. Ќе обединувам, нема да делам

„Денеска застанувам пред сите Вас во салата и надвор од неа,со надж дека македонија ќе ја добие битката за демократија. Ви најавувам дека ќе предводам реформска влада. Ветив на дуќанџиите земјоделците, сопствениците на претпријатијата, учениците, пензионерите, дека носиме живот во македонија за сите.

Три клучни темели ќе гради реформската влад. Ќе биде посветена на економија, на силни институции и правда, на ЕУ и НАТО и перспективи за сите. За тоа се обврзувам овде во законодавниот дом. Ова се луѓето кои пред мене се обврзаа, но и пред граѓаните. Ќе работиме чесно и посветено, исклучиво за потребите на граѓаните.

Програмата е доставена до Собранието, таа ќе биде предмет на дебата овде и кај граѓаните. Она што е напишано, ќе биде завет за нас дека ќе работиме да ја исполниме. Во составувањето на прорамат а се водевме според принципите прифатливи за сите граѓани. Ги поддржи принципите на СДСМ, начелата на партиите кои се дел од парламентот. Најавувам дека македонија ќе биде држава за сите граѓани.

Ќе обезбедиме стабилност за граѓаните и државата. Наша цел е преговори со ЕУ и НАТО во најбрз можен рок, како кревање на економијата, раст на платите. Минималната плата на работниците, законски ќе ја зголемиме на 12 илјади денари, а ќе се однесува на сите. Наша цел е 16 илјади денари плата до крајот на мандатот. Приоритет е поддршка на малите и средните претпријатија, кои ќе немаат притисоци.

Паралелно ќе работиме на намалување на трошоците на животот, ќе ги зголемиме семејните буџети. Новата влада ќе ја врати дневната ефтина тарифа на струјата. Кој има помалку, ќе плаќа помалку! Ќе ги намалиме казните, ќе ја укинеме Радиодифузната такса. Владата ќе воведе студентска платежна картичка за млади. Ќе воведеме енергетски ваучери за струја и затоплување, но и гасификација во секој дом за намалување на трошоците. Субвенциите на земјоделците ќе бидет покачени на 160 милиони евра.

Ако имаат граѓаните повеќе пари, повеќе ќе трошат. За да ги задржиме здравствените работници и наставниците, ќе ги покачиме плати. Ќе го укинеме екстерното тестирање, а ќе има награди за наставниците. Сакам да порачам дека е доста од реваншизми и партиски отпошување. Никој да не чуствува страв за своето работно место. Ќе го решиме проблемот со јавните службеници, кои земаат плата а не работат. Клучна цел за социјалната политика е намалување на сиромаштијата.

Пензиите ќе се усогласуваат според трошоците за живот, посебно ќе посветиме внимание младите да останат и работат во македонија. Новата влада ќе овозможи неповратни средства за млади од 10 илјади евра. Ќе овозможиме формирање фирми за само 1 евро, со цел нови вработувања. Зголемувањето на парите ќе биде правично и транспарентно. Најсериозна реформа ќе биде онаа во судството. Институциите да работат независно и професионално, за граѓаните да знаат за што се наменети парите. Сите одлуќи ќе ги носиме со граѓаните и граѓанските здруженија. Се обврзавме дека ќе имаме независно судство и јавно обвинителство, затоа ќе има реизбор во судството според познати светски стандарди.

Ќе формираме специјално одделение во основниот суд. Се обврзуваме дека ќе овозможиме соодветна употреба на јазиците на заедниците. Новата влада ќе предложи нов закон за спорт, за нивна поддршка. Бројот на граѓаните кои спортуваат е 2 проценти, а сакаме да се зголеми на 20 проц. Почитувани пратеници и граѓани, ова се само некои од мерките во програмата на новата влада. Сето ова нема да биде завршено во првите сто дена, но мора да почнеме и тоа да го сториме заендо. Не чекаат предизвици, големи предизвици. Опшстеството е срушено и потребна поткрепеност од сите. Ова е време на граѓаните.

Јас сум уверен дека сите што и мислат добро на државава, мора да застант зад реформиските процеси кои престојат. Заедно можеме да обезбедиме иднина на сите. Нема да биде слабост ако сите се обединиме за нешто вредно. Граѓаните имаат право да бидат политички определени или неопределени, тие се различни по националност, но сите имаат право да бидат среќни“, рече Зоран Заев.

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …