четврток , 19 октомври 2017
telefon rakavici

Зошто интернетот на телефонот се троши брзо?

Инсталираните апликации на мобилните телефони и ажурирањето кои тие го прават, постојано го трошат мобилниот интернет и кога не ги користиме. Секојдневните новитети на апликациите како Facebook, Instagram, Snapchat имаат потреба од зголемен волумен на интернет.

Видеата на You Tube се во HD резолуција, видеата кои се поставени на Facebook автоматски се вклучуваат без да се притисне “Play”, а опцијата Story на Instagram од еден преглед може да потроши дури 30MB, во зависност од резолуцијата и големината.

Сè што треба да направите за да проверите кои апликации ви трошат најмногу интернет, е да ја одберете опцијата “Data usage” на вашиот телефон.

За да добиете претстава колку MB се троши при гледање видео, за вас ја подготвивме следната табела:

Посебно внимание треба да обратите кога користите WiFi конекција со слаб сигнал. Често пати се случува интернет сообраќајот да ве префрли на mobile data, така што во овој случај ќе ви биде наплатено соодветно на вашиот тарифен модел или интернет пакетот што го имате активирано.

Затоа е добро при користење на WiFi, секогаш да ја имате исклучено опцијата mobile data на вашиот телефон. Иако изгледа доста напорно секој пат да се исклучува опцијата mobile data,сепак, со ова ќе имате поголема контрола во трошењето на интернет.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …