вторник , 26 септември 2017
angri

Зошто луѓето викаат кога се лути?

angri
Ова е многу впечатлива приказна на која вреди често да се потсетуваме…

Еднаш еден духовен учител ги прашал своите ученици: „Зошто луѓето викаат кога се лути?“
Учениците кратко размислувале и одговориле: „Затоа што го губиме трпението, затоа викаме.“
„Но, зошто да викаме ако личноста е покрај нас?“ – прашал учителот. „Зар не е можно да се зборува тивко и полека?“
Учениците дале уште некој одговор, но ниеден не го задоволил учителот.

Потоа објаснил:

„Кога две личности се караат и лутат, нивните срца силно се оддалечуваат. Затоа мораат да викаат за нивниот крик да може да ја премости оддалеченоста и да можат да се чујат. Што се полути, толку погласно мораат да викаат, бидејќи оддалеченоста меѓу нив е сè поголема.“

Потоа прашал:

„Што се случува кога две личности ќе се заљубат? Не викаат еден на друг, туку зборуваат тивко и нежно. Зошто? Нивните срца се многу близу. Оддалеченоста помеѓу нив е многу мала.

А што се случува кога ќе се заљубат уште повеќе? Тогаш не зборуваат. Само шепотат и уште повеќе се зближуваат со својата љубов. Конечно, не треба веќе ни да шепотат. Само се гледаат и тоа е сè. Такви се две личности кои се сакаат.“

Потоа рекол:

„Кога се карате, не дозволувајте вашите срца да се оддалечат, не изговарајте зборови кои би можеле уште повеќе да ве оддалечат, бидејќи ќе дојде ден кога оддалеченоста ќе стане толку голема, што веќе никогаш нема да можете да го најдете патот назад.“

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …