вторник , 26 септември 2017
eyes-wide-shut3

Зошто нашите очи се движат кога спиеме?

eyes-wide-shut3
Според податоците на Националниот институт на невролошки пореметувања, додека спиеме минуваме низ 4 фази на сонот, вклучувајќи ја и РЕМ, која доаѓа на крај.

Првата фаза е лесен сон – Кога сте вон свест, но лесно можете да се разбудите. Во текот на оваа фаза, може да ги визуализирате фрагментираните слики, се чувствувате како да паѓате, ја губите претставата за вашето опкружување, па дури ја губите и мускулната активност.

Втората фаза е кога движењата на очите престанува и вашите мозочни бранови се побавни.

Следи фазата три, позната како длабок сон. Во оваа фаза вашето тело е најопуштено, но ова е фазата во која што може да се случи месечарење.

Последната фаза е РЕМ фазата кога вашето тело порачува: „Во ред, готово е, добра ноќ реалност“. Во оваа фаза вашите мускули стануваат парализирани, отчукувањето на срцето и телесната температура стануваат нерегулирани, имате живописни сништа и очите се движат.

Невролозите внимателно ги следеле активностите на 19 пациенти додека спијат и додека се будни во текот на 2 недели, користејќи електроди прицврстени на нивните мозоци. Тоа што го откриле е дека некој делови од мозокот се поврзани со визуелната перцепција и чувството за светло многу брзо откако пациентот ќе се префрли во РЕМ фазата.

Нивниот заклучок е дека мора да постои врска измеѓу движењето на очите и гледањето на сонот.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …